Стандард
ЕКОНОМИЈА КОМПАНИИ

Нови картички и ваучери за самохрани мајки, пензионери, самостојни уметници

Новите економски мерки од четвртиот пакет за поддршка на стопанството ќе почнат да се користат од оваа недела, највија од Влада.

Како што информираше вицепремиерот, Фатмир Битиќи, се прават и последните законски подготовки за викендот без ДДВ.

-Првата мерка е веќе следната недела, се прават последните законски подготовки за викендот без ДДВ и веќе, да кажеме дека сме во средина на подготовка на следните законски измени, секако субвенционирањето на плата ќе го опфати октомври. Тоа значи дека до крај на октомври ќе ги имаме законско решение, ќе почнеме веќе од наредниот викенд и секој месец една по една од мерките ќе биде активна, изјави Битиќи.

Според сегашните најави од Владата, во четвртиот економски пакет, пари ќе има и за пасивните баратели, токму поради големите реакции во јавноста дека оваа категорија граѓани неправедно беше изоставена од државната помош.

Пасивни баратели се сметаат лицата кои на секои 6 месеци се пријавуваат во Агенцијата за вработување.Невработеното лице при личното јавување во центарот за вработување поднесува на увид лична карта и контролен картон за јавување.Воведување во евиденцијата на невработени лица не е услов за остварување право на здравствено осигурување, освен за корисниците на паричен надоместок, додека го користат тоа право. Правото на здравствено осигурување, невработеното лице го остварува преку Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија.Според податоците досега има 84.058 пасивни баратели.

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе има поддршка на приватната потрошувачка, со нови картички и ваучери што ќе бидат поконкретизирани за да можат да бидат истрошени во дејностите што се најпогодени. Тука, како што рече, спаѓаат сите социјално погодени граѓани, односно покрај пасивните баратели на работа, пензионерите со пензии под 15.000 денари, самохраните родители, стечајните работници кои земаат надомест, како и ранливите категории сиромашни граѓани преку центрите за социјални работи.

Платежна картичка за поголема потрошувачка ќе биде во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5726 самохрани родители ,182271 пензионери со пензии до 15.000 денари, 85108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници.

Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викнд без ДДВ

Покрај новите рестрикции, Владата на вчерашната седница вечерва одлучи продолжениот викенд за 11 октомври да биде Викенд без ДДВ.

Според предлогот кој Владата ќе му го достави на Собранието, сите граѓани кои имаат пристап до апликацијата Мој ДДВ ќе можат во тој викенд да остварат поврат на ДДВ на сите македонски производи и компјутерска опрема за сметки кои вкупно нема да надминат 30.000 денари, што значи дека секој граѓанин во тој викенд ќе може максимално да врати 4.500 денари доколку ја потроши максималната сума.

Во најавениот Викенд без ДДВ граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30.000 денари, како и комјутери и ИТ опрема.Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција презентирајќи ја оваа како 31. мерка од четвртиот пакет што го усвои Владата на седница.

Поврзани вести

Против предлогот за намалување на платите реагираше и Синдикатот на вработените на УКИМ

Stefanija Kuzmanovska

Министерство за економија: Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз во Косово

На бизнис форум во Катанија претставени можностите за инвестиции во државава

error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!