25.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Банкротираше познат ланец на ресторани за брза храна

Повеќе од 300 ресторани од познатиот ланец „Pizza Hut“ ќе бидат трајно затворени по банкротот на една од најголемите франшизи на овој бренд.

Компанијата NPC International, која е во постапка на стечај, во понеделникот постигна договор со сопствениците на „Pizza Hut“, компанијата „Yum“, за затворање на четвртина од своите ресторани и продажба на останатите, објави Си-Ен-Ен.

Деловниот неуспех на NPC International се припишува на воведувањето вонредни мерки заради коронавирусот и долговите од скоро милијарда долари.

Од „Pizza Hut“ соопштија дека работата на споменатите 300 локации функционирала многу лошо во споредба со другите локации на овој добро познат бренд за брза храна, и дека компанијата ќе им помогне на работниците кои ги загубиле работните места да преминат во другите ресторани на „Pizza Hut“.

Компанијата NPC International има вкупно 1.227 локации каде што работат ресторани на „Pizza Hut“, што е приближно 18 проценти од вкупно 6.700 „Pizza Hut“ во САД.

Поврзани вести

ФИТР: Два јавни повика во тек со 4,5 милиони евра ќе се наменат за почеток на економско заздравување на државата

msp-admin

ММФ: Земјите кои подобро се справиле со Ковид-19 во раната фаза, ќе имаат полесно и побрзо закрепнување

Влатко Зорба

Стопанска комора: Како компаниите ќе работат втора смена за викенд кога забраната за движење почнува во 16 часот?

msp-admin