СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Disney+ доаѓа една недела порано во Европа

Disney+ ќе стартува во Велика Британија и другите пазари во Западна Европа на 24 март, една недела порано од првично закажаниот датум за лансирање – 31 март. Цената за новата услуга е исто така официјално потврдена – 5,99 фунти / 6,99 € месечно или 59,99 фунти / 69,99 фунти годишно. Првичното воведување на услугата ќе ги опфати Велика Британија, Ирска, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Австрија и Швајцарија.

Веста значи дека за прв пат на 24 март, голем дел од Европа ќе може легално да гледа оригинална содржина, која дебитираше во услугата за стриминг Disney по нејзиното официјално претставување лани во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Овие оригинали го вклучуваат и Star Wars: The Mandalorian, како и High School Musical: The Musical: The Series, целосната верзија на Lady and the Tramp и The World According to Jeff Goldblum.

Цената на услугата во Велика Британија е иста како и стандардната верзија Netflix, но Disney + е достапна само по една цена, без дополнителни функции, заклучени зад поскапите планови за претплата. Variety забележува дека услугата на Disney стартува со скоро 500 филмови и 7.500 телевизиски епизоди со брендовите Disney, Pixar, Marvel, Star Wars и National Geographic од гигантскиот каталог на компанијата.

По првичното објавување на 24 март, Disney ќе продолжи да ги проширува услугите во Белгија, Скандинавија и Португалија подоцна во текот на летото 2020 година.

Поврзани вести

ОЕЦД ја зголеми проценката за глобалниот раст за 2021 и 2022 година

Влатко Зорба

Загреб добива револуционерна услуга: Римац стартува проект вреден 454,2 милиони евра

Автопаркот на Елон Маск: Што вози основачот на Tesla?

msp-admin