СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кук: Ирска е втор дом на Apple

На настанот во Даблин, насловен „Поглед кон иднината“, ирскиот премиер Лео Варадкар му врачи на Извршниот директор на Apple, Тим Кук специјална награда од IDA Ireland, која е одговорна за привлекување и зачувување на странски директни инвестиции во земјата.

Наградата го отсликува придонесот на Apple во ирската економија. Компанијата работи во земјата веќе 40 години, посочува IDA Ireland.

Прифаќајќи ја наградата, Тим Кук рече: „Ирска е втор дом на Apple цели четириесет години и оваа чест е за нас уште поспецијална бидејќи го признава придонесот на нашиот неверојатен тим кој работи неуморно за да им служи на клиентите низ целата земја и во светот“.

Претставништвото на Apple во Ирска беше отворено во 1980 година и стана првата компанија во Европа. Во тоа време, во него работеа 60 вработени, а сега персоналот е околу 6.000.

„Длабоко верувам, дека нашата најважна соработка допрва треба да дојде, и јас сум благодарен на луѓето од Ирска за нивната посветеност за отвореност, иновации и соработка, што ќе направат следната генерација на идеи да го сменат светот“, рече Тим Кук.

Според експертите на Европската комисија, Apple заштедил данок од околу 13 милијарди американски долари за период од 10 години, користејќи неправилни олеснувања од владата на Ирска, од каде што компанијата ги спроведува своите европски операции. По истрагата за монопол, Apple започна да плаќа дел од таа сума.

Поврзани вести

Huawei рангиран како најдобар 5G оператор според најновиот извештај на Ookla

Влатко Зорба

Дали е исплатливо предвреме да се отплати кредитот?

msp-admin

ЕК предлага директива која треба да обезбеди еднакви плати за жените и мажите

Влатко Зорба