СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Netflix ја тестира опцијата „Shuffle Play“

Netflix објави дека работи на тестирање на нова опција „Shuffle Play“, што може да им помогне на корисниците да најдат содржина за гледање, токму во моментот кога имаме огромна количина на содржина достапна на услугите за стриминг. Врз основа на фотографии што кружат на Интернет, копчето „Shuffle Play“ се наоѓа веднаш во средината на екранот на профилот. Можете да кликнете на копчето и да се надевате дека ќе добиете содржина што можеби сакате да ја гледате.

Според објавените информации, Netflix има желба да им даде на корисниците различно искуство, и да им заштеди време во наоѓање содржина за гледање, а на патот им даваат на оние кои сакаат да гледаат нешто сосема друго, можност да ги откријат скриените скапоцени камења на оваа платформа за стриминг.

Во ваквите пребарувања, Netflix ги зема предвид насловите и содржината што корисниците ги гледале до тој момент, како и оние што ги зачувале за да ги гледаат подоцна. Оваа функционалност, исто така, ќе може да репродуцира и случајни епизоди од сериите што корисникот во моментот ги гледа. Основната идеја е дека корисниците можат брзо и лесно да пристапат до содржини што се прилагодени на нивниот вкус.

Опцијата Shuffle Play беше тестирана минатиот месец, но само за ТВ-апликацијата и за избрани корисници ширум светот.

Поврзани вести

Бројот на невработени во Германија може да ја надмине границата од 3 милиони

msp-admin

YouTube формираше фонд од 100 милиони долари за автори на кратки содржини

Huawei ќе развива паметни патишта

Влатко Зорба