СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вкупно 309.337 граѓани користеле домашна платежна картичка, реализиран промет од 26,5 милиони евра

Вкупниот реализиран промет со картичките изнесува 26,5 милиони евра – средства инјектирани во економијата во период 2 месеци, преку граѓаните кај домашните компании за купување македонски производи и услуги.

Ова е најобемната мерка од ваков тип која се спровела во државава, која воспостави нов начин на имплементација, посочи екс министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Како антикризна мерка, главни цели на домашната платежна картичка беа да се поддржат:

* Целни категории на граѓани во соочувањето со Ковид-кризата, и
* Економската активност преку поттикнување на приватната потрошувачка на домашни производи и услуги и на кус рок да се амортизира ударот врз економијата.

Но, домашната платежна картичка беше димензионирана и осмислена со цел да донесе и многу други бенефити и системски промени во општеството:

* Креирање свест за купување домашни производи
* Поттикнување на безготовинско плаќање и промена на навиките, а со тоа
* Дејствување кон сузбивање на сива економија
* Современа администрација – услуга кон граѓаните без шалтери, документи и поднесување барања

Реализацијата во број на картички изнесува 93%, додека во износ 95% од планираното.
Односно од околу 330.000 граѓани кои се најдоа на листата, 309.000 ги подигнале своите домашни платежни картички.

Од вкупно префрлените средства кон банките 28.3 милиони евра, 26.8 милиони евра биле доделени на издадените картички, а од нив 26.5 милиони евра се потрошени на купување домашни производи и услуги. Разликата ќе биде вратена во буџетот.

Гледано по групи на граѓани на кои им следуваше домашна платежна картичка, најголема реализација или 97% има кај невработените лица и здравствените работници, додека најниска кај младите лица (90%).

Доделените 26.8 милиони евра и 309.000 картички, се распределени на следен начин:

* 113.000 невработени и приматели на социјална помош > 16.5 мил.евра
* 111.000 вработени со ниски примања > 5.4 мил.евра
* 81.000 млади > 4 мил.евра
* 4.000 здравствени работници > 900.000 евра

Раст од околу 20% кај бројот на издадени платежни картички (од 1.8 милиони на 2.1 милиони)

Раст од околу 40% во бројот на трансакции – реализирани преку 2 милиони трансакции со домашна платежна картичка (во просек месечниот број на трансакции преку ПОС-терминали од физички лица за периодот јан-март 2020 изнесува 5.3 милиони)

Над 1200 новопоставени ПОС-терминали (вкупниот број на ПОС-терминали во март 2020 изнесувал 31.000, со новопоставените на крајот на август би изнесувал над 32.000)

Растот на безготовинските трансакции значи намалување на нерегистрираните трансакции кои се дел од сивата економија

Нови стандарди на имплементација за поефикасна администрација – оваа обемна мерка покажа:

Брзина – од концепт до реализација:

17 мај – презентирана мерката како дел од третиот антикризен сет мерки
27 мај – донесена Уредба
10 јуни – пуштена веб-страната kupuvamdomasno.gov.mk
12-ти јуни издадени првите домашни платежни картички

Важноста на добра координација меѓу институциите – од придонесот на секоја институција зависи целокупната реализација на вака обемен проект. Во реализацијата на оваа мерка беа вклучени Генералниот секретаријат, Министерството за финансии, Министерство за образование и наука, Управата за јавни приходи, Фондот за здравство, Агенцијата за вработување и банките-издавачи на картичките.

* Дебирократизација во работењето:
* без чекање на шалтери
* без поднесување документи

* Но исто така оваа мерка ги покажа и недостатоците во квалитетот на податоците и дата базите со кои располагаат институциите, што е поттик за креирање на план за подобрување.

Граѓаните кои ги имаат домашните платежни картички ќе можат и понатаму да ги користат како нормални дебитни картички. Верувам дека истите ќе најдат примена и во иднина при дизајнирање на идни проекти и програми на Владата. Да купуваме домашно, да плаќаме безготовински, да се стремиме сите заедно за подобро и посовремено општество, додава Ангеловска.

Поврзани вести

ОРМ очекува успешни избори и брзо формирање на стабилни институции

msp-admin

Ковид-19 може да предизвика многу кризи во наредните години

Влатко Зорба

Кои се најголеми потрошувачи на вода во земјава?

msp-admin