СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Приходите на „Зум“ се зголемија за 355 проценти за време на пандемијата

Приходите на видео-апликацијата „Зум“ повеќе од четирипати се зголемија во вториот фискален квартал благодарение на пандемијата на коронавирус, што ги пренасочи официјалните и приватните состаноци на Интернет.

Компанијата објави дека нејзините приходи за тримесечниот период што завршува во јули скокнаа за 355 проценти од претходната година на 663,5 милиони американски долари.

Нето добивката порасна од минатогодишните 5,5 милиони долари на 186 милиони долари.

За време на пандемијата на коронавирус, многу бизниси и граѓани беа принудени да работат на Интернет, организирајќи состаноци на дигитални платформи, како што е „Зум“.

Во многу земји, наставата и социјалните настани се префрлени на Интернет, што даде дополнителен поттик на растот на апликацијата.

Основната верзија на „Зум“ е бесплатна, а компаниите плаќаат претплата за дополнителни функции. „Зум“ во моментов има 370.200 корисници кои плаќаат за дополнителни услуги, скоро шест пати повеќе отколку во истиот период минатата година.

„Зум“ очекува силен раст во текот на фискалната година 2021 година, предвидувајќи приходи од 2,37 милијарди до 2,39 милијарди долари, претпоставувајќи постојана силна побарувачка за услуги за работа од дома.

Поврзани вести

Европски банки создаваат нов систем за плаќање

msp-admin

Како инвеститорите на Reddit го донесоа Бренсон до рекордно богатство?

Влатко Зорба

Brainster ја доби Националната награда за најинвентивна општествено одговорна практика за 2019

msp-admin