СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитите

Банките можат на своите клиенти да им понудат втора одложена отплата на кредитните обврски, соопшти попладнево Народната банка.

Оттаму информираат дека ваквата одлука е донесена по неколкуте одржани состаноци со Македонската банкарска асоцијација со цел да им се помогне на клиентите погодени од пандемијата.

– Условите и начинот на промена на договорените услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје, се наведува во соопштението од централната банка.

Вториот период на одложена отплата на кредитите може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

– Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата, велат од Народната банка, додавајќи дека постојано се следи развојот на настаните и потенцијалните ризици и доколку е потребно навремено ќе реагира со натамошни мерки.

Поврзани вести

Ова се трите групи работници кои најчесто добиваат отказ

Берта Китинска

Состанок на гувернерката на НБ со директорот на Одделот за Европа на ММФ

Влатко Зорба

Вработените во спортските обложувалници загрижени за нивната егзистенција: „Издржуваме фамилии, плаќаме кредити…“