22.8 C
Скопје
14 септември, 2024
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Поддршката на микро, малите и средни компании ќе биде значителна

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, во насока на продолжување на дијалогот помеѓу Владата и бизнис секторот за креирање на политики и мерки за новата развојна и одржлива економија на Македонија, денес се сретна со делегацијата на Сојузот на стопански комори, која ја предводеше претседателката Данела Арсовска.

Вицепремиерот Битиќи, на средбата со претставниците на ССК, посочи дека Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, во насока на креирање на политики, проекти и мерки за создавање на нова развојна и одржлива економија на нашата земја.

Тој потенцираше дека во фокусот на Владата, во овој момент, е креирање на сеопфатен и квалитетен четврт сет на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, кој најдобро ќе ги рефлектира потребите на најпогодените групи, за надминување на предизвиците од социо-економската криза предизвикана од Ковид-19. Поддршката на микро, малите и средни компании, кои се најважниот дел на нашата економија, ќе биде значителна, а особен фокус е ставен токму на оние сектори кои се најпогодени од кризата.

Вицепремиерот Битиќи дополни и дека активно се работи на мерки со кои, по завршување на кризата, економијата ќе расте со забрзано темпо, а за таа цел ќе се поддржуваат старт ап компаниите и ќе се креираат мерки за поддршка за технолошки развој и воведување на иновации на сите компании, за да се подигне конкурентноста на фирмите на домашниот и меѓународните пазари.

Кабинет на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања.

Поврзани вести

ЕИБ ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на С. Македонија

Влатко Зорба

Бесими: Нормализиран економски развој со зголемена динамика во втората половина на 2021 година

Влатко Зорба

Со реновирање на Св. Пантејлемон како монашко светилиште се јакне манастирскиот туризам

Влатко Зорба