СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Француската агенција за развој со интерес да учествува во повеќе проекти во С. Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација на Француската агенција за развој предводена од регионалниот директор за Западен Балкан Доминик Отберг, придружуван од амбасадорот на Република Франција во нашата земја Сирил Бомгартнер.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, премиерот Заев изрази задоволство од неодамна потпишаниот договор за соработка со Француската агенција за развој, и истакна дека овој договор е од значење како дополнителна поддршка во достигнувањето на европските стандарди во нашата земја и истовремено претставува силен сигнал за зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција.

Заев го оцени како исклучително значајно нагласеното внимание на Франција кон земјите од Западен Балкан во последните неколку години, како и стратегијата на Париз за поддршка на развојот и за евроинтеграциските процеси на земјите од регионот.

Амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и во оваа прилика го повтори нагласениот интерес на Франција за регионот и додаде дека токму затоа од оваа година е зајакнато присуството на Француската агенција за развој на Западен Балкан и посебно во Република Северна Македонија.

Отберг од своја страна нагласи дека Франција и Агенцијата имаат нагласен интерес да учествуваат во повеќе проекти во Северна Македонија, со посебна нагласка на енергетиката, јавното здравство, образованието, урбаниот развој, земјоделството, животната средина и транспортната инфраструктура.

Француската агенција за развој, информираше регионалниот директор за Западен Балкан, има годишен буџет од 14 милијарди евра, и работи на 4.000 проекти во 115 земји во светот.

Поврзани вести

Митковски: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Влатко Зорба

Витаминка со донации за лицата со посебни потреби

Берта Китинска

ФИТР ќе ги објави резултатите од „Стартапувај 2″