СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза

Работничка од приватен сектор во Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата, соопшти Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип.

-За време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази, добивме позитивна вест.Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито.
Овој пост, кој работничката го дозволи е со цел да ве охрабриме, доколку се повредени вашите работнички права, да бидете одлучни и упорни во нивното остварување. Да се обратите до соодветните институции, како и до Гласен Текстилец кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права. Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, напиша на својот Фејбук, Ампева.

Поврзани вести

НБ: Банкарскиот систем подготвен да се справи со шокот од корона кризата

Влатко Зорба

Горивата поскапуваат за половина до еден денар по литар

Берта Китинска

Прометот на берза неделава скокна за над 287 отсто

Stefanija Kuzmanovska