Еден долар просечно вреди околу 50 денари. Добро знаеме што можеме да купиме за тие пари во нашата земја, но дали знаете што сè може да купите за еден долар ширум светот?
Филипини
На Филипините можете да направите 20-минутна масажа на стапалата за еден долар.
Истанбул
Во Истанбул, можете да пробате традиционален турски чај за помалку од еден долар.
Виетнам
Во Виетнам, можете да ја купите нивната традиционална капа за еден долар. Ако купите повеќе парчиња, ќе добиете и попуст.
Венецуела
Венецуела има најевтино гориво во светот. Цената е околу 20 центи за литар.
Јужна Кореа
Во Јужна Кореја можете да најдете машини за караоке кои се многу популарни и забавни. За еден долар можете да пеете две песни.
Португалија
Во Португалија, можете да пиете одлично кафе за еден долар! Историјата на кафето во оваа земја датира од 18 век и туристите велат дека кафето во Португалија секогаш се подготвува со љубов.
Швајцарија
За еден долар таму можете да купите 1,5 литри вода.
Тајланд
Само патувањето до Тајланд е скапо, а цените таму се и повеќе од прифатливи. За еден долар ќе најдете убави оброци, но и картичка со која ќе можете да разговарате со сите земји 16 минути.