СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кино салите повторно „вртат“ милиони

Кино салите ширум светот полека се отвораат за посетите, а високобуџетните филмови во САД повторно им овозможија касите да се наполнат со милиони, пишува CNBC.

Како мерка за спречување на ширење на коронавирусот, кино салите им ставија клуч на вратите, а љубителите на филмската уметност можеа да уживаат само во домашни услови. Но, нештата се враќаат по старо, а доказ за тоа е и филмот Tenet на Кристофер Нолан, којшто на кино салите, само од влезници, им донесе 20 милиони долари само во САД, а на странските пазари дополнителни 78,3 милиони, од кои што 30 милиони долари отпаѓаат на Кина.

Пред избивање на пандемијата, очекувањата на кино салите беа меѓу 35 и 55 милиони долари само на американскиот пазар. Треба да се има предвид дека сега се отворени само 65% од кината во однос на периодот пред пандемијата.

Поврзани вести

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Берта Китинска

Цените на нафтата паѓаат поради блокадата во Кина: „Очекувањата за побарувачката не се премногу ветувачки“

Влатко Зорба

Од „бебе од контејнер“ до милионер

msp-admin