СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

УШТЕ 14 милијарди евра за 9 членки на ЕУ

Европската комисија уплати нови 14 милијарди евра за девет членки на ЕУ од инструментот SURE. Тоа е финансиска поддршка за да се намали ризикот од невработеност како резултат на економските ефекти на пандемијата на коронавирус.

Станува збор за заеми, а парите се добиени на пазарот со издавање на обврзници, па ова е четврта емисија, која, како што соопшти Европската комисија, предизвика голем интерес кај инвеститорите кои повеќе пати ја надминаа понудата, а условите за позајмување се многу поволни .

Комисијата издаде две обврзници, со 10 милијарди евра кои доаѓаат за наплата во јуни 2028 година, а остатокот во ноември 2050 година.

Белгија доби две милијарди евра, Кипар 229 милиони, Унгарија 304 милиони, Летонија 72 милиони, Полска 4,28 милијарди, Словенија 913 милиони, Шпанија 1,03 милијарди, Грција 728 милиони и Италија 4,45 милијарди евра.

Сите овие земји веќе добија помош од SURE минатата година и можат да ја искористат за да ги покријат трошоците директно поврзани со националните шеми со скратено работно време и други слични мерки воведени поради пандемијата, што вклучува поддршка за самовработените.

Досега вкупно 15 земји добија поддршка од инструментот, што е 53,5 милијарди евра, а членките се уште можат да аплицираат, а се планираат вкупно 100 милијарди евра.

Поврзани вести

Додека го планираат воведувањето на 5G, источноевропските земји мораат да се грижат за повеќе од самата технологија

Влатко Зорба

„Дизни“ со нов рекорд за приходи

msp-admin

По инспекцијата во „Макстил“: Работиме според имплементирана А дозвола која го пропишува нивото на бучава

msp-admin