СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Youtube“ во Индија тестира апликација слична на „TikTok“

„Youtube“ објави дека ќе тестира бета верзија на досега најголемата конкуренција на „TikTok“ во Индија.

Ова е нова форма на видео-снимки на „Youtube“, наречена „Youtube Shorts“. Снимките направени во овој формат ќе траат до 15 секунди и ќе имаат функции и начини на модифицирање на снимките како кај кинеската апликација „TikTok“.

Индија го забрани „ТикТок“, како и 58 други апликации на кинески компании во јуни кога се зголемија тензиите меѓу двете земји.

Во тоа време, Индија беше најголем странски корисник на „TikTok“, со над 120 милиони корисници, според „Би-Би-Си“.

Youtube не е единствениот што сака да ја пополни празнината што ја остави забраната за „TikTok“, па затоа ќе мора да им конкурира на мноштво компании кои имаат иста намера.

Поврзани вести

Huawei изгледа подготвува паметен часовник во серијата Nova

Влатко Зорба

Како Facebook ја доближува виртуелната реалност до луѓето?

msp-admin

Switch Pro со премиера во лето?

msp-admin