СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фејсбук предупреди дека може да се повлече од Европа

Американскиот Фејсбук предупреди дека може да се повлече од Европа доколку ирскиот комесар за заштита на податоци спроведе забрана за размена на податоци со САД.

Ирскиот комесар најави можност за донесување на таква одлука откако Европскиот суд на правдата во јули пресуди дека нема доволно заштита од пристап на американските разузнавачки агенции до податоците на Фејсбук.

Главниот соработник на Фејсбук во судското досие во Даблин напиша дека спроведувањето на забраната ќе ја направи компанијата нефункционална, пренесува британски „Гардијан“.

– Во случај Фејсбук да биде предмет на целосна суспензија на преносот на кориснички податоци кон САД, не е јасно како може да продолжи да обезбедува услуги на Инстаграм во ЕУ во овие околности, изјави портпаролот на Фејсбук, Ивон Канан.

Таа истакна дека Фејсбук не се заканува со повлекување од Европа, туку едноставно изразува мислења засновани на реалната состојба.

Правните документи доставени до Високиот суд во Ирска покажуваат само јасна реалност дека Фејсбук и многу други компании, организации и даватели на услуги се потпираат на трансфер на податоци меѓу ЕУ и САД, рече Канан.

Поврзани вести

Пет банки од Македонија меѓу топ 100 во југоисточна Европа

msp-admin

Huawei ја објави првата европска фабрика за безжични базни станици

Влатко Зорба

Биткоинот веќе не е балон, според директорот на „Amber Group“

Влатко Зорба