СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вредноста на „Тесла“ падна за 50 милијарди долари

Инвеститорите ја срушија пазарната вредност на „Тесла“ за 50 милијарди долари откако извршниот директор на компанијата Елон Маск рече дека е можно радикално намалување на цената на автономните електрични возила на 25.000 долари – но дури за најмалку три години.

Пазарната капитализација на „Тесла“ падна за 20 милијарди долари во трговијата за само два часа по затворањето на берзата во вторникот, бидејќи Маск и другите директори на „Тесла“ го претставија планот за нова батерија и нивните стратегии за производство, пренесува „Ројтерс“.

Акциите на затворањето беа во минус за 5,6 проценти, а по работното време, берзата ја зголеми загубата за дополнителни 6,9 проценти.

Инвеститорите очекуваа две значајни најави на често промовираниот „Ден на батеријата“ на Маск – за развој на батерија од милион милји, која ќе трае добри 10 години или повеќе, и конкретни бројки за намалување на трошоците, изразени во долари за киловат-час, со што конечната цена на електричното возило би била пониска од цената на бензинскиот автомобил.

Маск не ги понуди ниту едното ниту другото. Наместо тоа, тој вети дека ќе ги преполови трошоците за производство на батерии во следните неколку години со нова технологија и процесот на производство и ќе испорача „поволен“ електричен автомобил.

„За три години, можеме да направиме автомобил од 25.000 долари што во основа ќе биде можеби малку подобар од споредливите автомобили на бензин“, рече тој.

Маск, меѓутоа, призна дека „Тесла“ нема свој амбициозен нов дизајн на возила и батерии и елаборирани процеси на производство, пренесува британската агенција.

Поврзани вести

Забрана на социјалните мрежи: Нема да може да се пишува дека пандемијата не постои

msp-admin

Азески: Ако конечно не завладее правото, бизнисот ќе регистрира компании во Прешево, Сандански, Солун…

Никола Поповски

Ангеловска: И покрај Ковид-19 кризата, исплатен највисок поврат на ДДВ кон фирмите

msp-admin