СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како мудрецот од Омаха го троши своето богатство

За разлика од другите милијардери, богатството на Ворен Бафет беше под влијание на нестабилната берза и влијанието што го претрпе економијата поради пандемијата. Акциите на Berkshire Hathaway на мудрецот од Омаха, паднаа за околу 8% од почетокот на годинава, што резултира со “бришење“ на неколку милијарди долари од сметката на Бафет.

Богатството на Бафет се намали и во јули, кога тој донираше 2,9 милијарди долари во добротворни цели, како дел од ветувањето дека ќе донира најголем дел од своите милијарди.

Bloomberg го рангира Бафет како седми најбогат човек во светот, со проценка дека богатството на овој инвеститор е намалено за околу 11 милијарди од почетокот на годинава. Според Wealth-X, богатството на Бафет се проценува на 84 милијарди долари.

И покрај тоа што е еден од најбогатите луѓе во светот, Бафет е штедлив, избегнува огромни куќи, јахти и скапи автомобили. Бафет вели дека јаде секое утро во McDonald’s, никогаш не трошејќи повеќе од 3,17 долари и со години користел телефон во вредност од 20 долари.

Недвижнини

Бафет вели дека никогаш немал желба да има многу куќи и автомобили. Затоа, не е изненадување што тој сè уште живее во куќа од 600 квадратни метри што ја купил за 31.500 долари во Омаха уште во 1958 година.

Филантропија

Како еден од основачите на иницијативата Giving Pledge, заедно со Мелинда и Бил Гејтс, Бафет стана едно од заштитните лица на “милијардерската филантропија“. Основана во 2010 година, иницијативата сега има потписи на повеќе од 200 богати луѓе. Од 2006 година, Бафет донираше над 37 милијарди долари од своето богатство.

Поврзани вести

Goldman Sachs: Нафтата ќе се искачи на 70-75 долари

Влатко Зорба

Тим Кук: Ние секогаш се стремиме кон најниски можни цени

msp-admin

Приходите на Apple растат и покрај падот на продажбата на iPhone

msp-admin