СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Граѓаните навреме ќе ги добијат сите исплати кои ги прави државата

Во гостувањето на ТВ 24, министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека со ребалансот на буџетот, граѓаните ќе ги добијат сите исплати кои ги прави државата.

-Ова е еден од најважните ребаланси што се прави годинава. Овој буџет ќе биде усвоен од пратениците, секако со цел да им излезат во пресрет на граѓаните, на стопанството што се однесува до ниваната ликвидност, но и паралелно и да не ги повреди другите трансфери и обврски што ги има државата.

Сите обврски што ги има државата, што се однесува до плати, социјални трансфери, пензии, сите ќе бидат исплатени навремено иако и во текот на пандемијата тие исплати ги направивме предвреме со цел да им излеземе во пресрет на овие категории на граѓани. Дополнително на ова ќе се реализираат и четвртиот сет на економски мерки, затоа е зголемен и буџетскиот дефицит, кој ќе се покрива од домашни заеми истовремено и од државните резерви, тоа го најави и министерот за финансии Бесими. Граѓаните до крајот на годината ќе ги добијат сите исплати кои ги прави државата, рече Бектеши.

Поврзани вести

Битиќи: Владата и натаму ќе ги поддржува компании што креираат работни места

Берта Китинска

Бесими: Имаме царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ

Влатко Зорба

Бруто-произведената обновлива електрична енергија изнесува 44,2% од финалната потрошувачка на електрична енергија во 2019 година

Влатко Зорба