СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Microsoft ќе инвестира милијарда долари во оваа балканска земја

Технолошкиот гигант Microsoft најави планови за изградба на три центри за чување на податоци во Атина. Ова ќе обезбеди инвестиции до една милијарда долари во грчката економија, којашто е парализирана од пандемијата.

Веста денеска ја објави грчки премиер Кирјакос Мицотакис по девет месеци доверливи преговори за договорот, којшто вклучува и програми за дигитална обука за околу 100.000 работници во државниот и приватниот сектор, како и обука на воспитувачи и студенти, пренесува Associated Press.

“Оваа значајна инвестиција е одраз на нашата доверба во грчката економија, грчкиот народ и владата. Не е нешто што го правиме често и лесно пристапуваме“, рече претседателот на Microsoft, Бред Смит.

Грчката економија, која неодамна излезе од повеќегодишна финансиска криза, беше сериозно погодена од пандемијата од Ковид-19 и претрпе пад од 15,2% во вториот квартал од оваа година. Стапката на невработеност се искачи на 18,3% на крајот на јуни од 16,4% на почетокот на годината.

Microsoft во моментов има центри за податоци во 26 земји, вклучително и седум во Европската унија. Официјални лица на компанијата изјавија дека рокот за изградба на центри за податоци во Грција сè уште се разработува и дека процесот во другите земји обично трае околу две години.

Поврзани вести

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје за 2020 година?

Никола Поповски

Групацијата Новоматик и Апекс Македонија самоиницијативно ги стопираат угостителските услуги од 23 до 07 часот

msp-admin

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

msp-admin