СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Групацијата Новоматик и Апекс Македонија самоиницијативно ги стопираат угостителските услуги од 23 до 07 часот

„Како општествено одговорни компании, целосно свесни за сериозноста и ризиците од зголемувањето на бројот на новозаразени од „Ковид-19“, тргнувајќи од неспорниот факт дека врвен приоритет во моментов е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство, Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, чии членки се Групацијата Новоматик во Северна Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), Апекс Македонија, соопштија дека, без разлика што законски определеното работно време во индустријата за организирање игри на среќа е 24/7, како нивен придонес во борбата за справување со пандемијата, самоиницијативно донеле одлука, веднаш да ги стопираат сите угостителски услуги во автомат клубовите и казината со кои тие стопанисуваат.

„Во наредниов период нема да се послужуваат пијалаци во периодот од 23 до 07 часот. Сметаме дека со оваа наша одлука ќе им помогнеме на државните институции полесно да ги спроведуваат новите рестриктивни мерки на терен. Ние се решивме на ваков рестриктивен чекор, со цел да се обезбеди максимален ефект од ново воведените безбедносни мерки.

Истовремено, како претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се предвидени и најситните детали за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. Потврда за тоа е фактот дека до сега не постои кластер на заразени преку наши вработени. Целиот изминат период имавме разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со светската пандемија на „Ковид – 19“. Затоа, свесно се ставаме во служба на јавниот интерес.

Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата“, с евели во соопштението.

Поврзани вести

Бренсон продава дел од компанијата за да ја спаси својата империја

msp-admin

Европски суд потврди дека Лего коцките се „единствени“

Влатко Зорба

Ако постојано ги искусувате овие 5 ситуации на работа, тоа значи дека сте „жртва на психичко насилство“

msp-admin