СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple тајно ги промени цените по премиерата на iPhone 12

Премиера на телефонот iPhone 12 се случи синоќа, а Apple ги изненади сите свои корисници со пониските цени на овие уреди.

Сепак, за да ја врати рамнотежата, Apple реши да направи драстичен потег!

Имено, телефоните на iPhone, но и другите уреди како што е Apple Watch, во иднина нема да доаѓаат со слушалки и полнач! Официјалната веб-страница на Apple ги охрабрува корисниците да ги користат претстојните адаптери за полначи и слушалки, а доколку некој ги нема, тие секогаш можат да ги купат одделно на нивната веб-страница. По премиерата на новите модели на iPhone 12, Apple ги намали цените на EarPods што доаѓаат со приклучокот Lightning, од 29 на 19 долари. Истата приказна е и со новиот полнач од 20 вати (W) на Apple, кој сега чини 19 долари.

Оваа компанија смета дека поради нејзиниот однос кон природата и екологијата, мора да придонесе и за зачувување на животната средина на овој начин, а оваа одлука секако ќе ги намали нивните трошоци за производство. Како резултат, телефоните iPhone 12 ќе доаѓаат во потенки кутии, а Apple тврди дека со помош на намалувањето на кутијата, може да се сместат 70 проценти повеќе кутии во една палета за време на испораката!

Apple исто така открива дека повеќето нивни корисници се префрлиле на безжични слушалки „AirPods“ и посочуваат дека има повеќе од две милијарди полначи, што значи дека на корисниците не им требаат нови. За разлика од телефоните и часовниците на Apple, моделите „iPad сè уште доаѓаат со полначи во кутија.

Треба да се напомене дека Apple ја намали цената на постарите модели на iPhone.

Поврзани вести

Италија планира „замрзнување“ на обврските за плаќање сметки, даноци и хипотеки

msp-admin

Почнува дупчењето во црногорскиот дел на Јадранот, се бара нафта и гас

Влатко Зорба

Како се движи животниот стандард на земјите од поранешна Југославија од 90-тите години до денес (ВИДЕО)

Влатко Зорба