СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ има „клуч“ за корона-кризата: ПОВИСОК ДАНОК за богатите

Државите би требало да размислат за зголемување на даноците на богатите со цел да ги намалат долговите по закрепнувањето од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Оваа меѓународна финансиска институција даде уште неколку предлози и ги ревидираше економските прогнози по закрепнувањето во развиените држави во светот во вториот и третиот квартал од оваа година.

Укажале дека падот во еврозоната ќе изнесува 8,3 проценти, а во јуни прогнозата изнесуваше 10,2 проценти.

Тие исто така објавија проценки за закрепнување на економијата. Од ММФ истакнале дека рестриктивните мерки против пандемијата ќе влијаат на закрепнувањето во текот на следната година.

Тие повикаа на инвестиции што овозможуваат долгорочен раст и висок поврат на парите, што значи и намалена употреба на фосилни горива. Ја истакнаа потребата да се инвестира во здравството и образованието.

Потсетиле дека е многу предизвикувачки да се најде рамнотежа помеѓу јавната потрошувачка и растечкиот долг и предложиле изнаоѓање нови извори на приход преку даноци.

„Властите можеби ќе треба да размислат за зголемување на прогресивниот данок за богатите луѓе“, истакнале тие.

 

Поврзани вести

Македонецот е лидер во регионот за потрошувачка на цигари по најниска цена

Влатко Зорба

Граѓаните со нереални сметки за струја да поднесат претставка до РКЕ

Заев и Сугарески на увид во реконструкцијата на 110 киловотниот далекувод ТС Штип – ТС Пробиштип

Влатко Зорба