СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи за еднократната помош за граѓаните: Во тек е консултација со Економскиот совет

Советникот за економски прашања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Фатмир Битиќи, во врска со еднократната помош за граѓаните во изајва за Стандард вели дека мерките се уште не се одобрени од Влада и во теке е консултација со Економскиот совет.

-Мерките се уште не се одобрени од Владата, во тек е консултација со Економскиот совет составен од експерти, стопански комори и синдикати. Откако ќе бидат одобрени на јавноста ќе и бидат презентирани, вели Битиќи.

Сетот на мерки ќе се зголеми јавната, но и личната потрошувачка.Ова ќе биде дел од  пакетот мерки за спас на македонската економија. За новиот пакет мерки граѓаните ќе треба да да исполнат одредени услови.Една од опциите е пари да добиваат и граѓаните за да ја зголемат личната потрошувачка која, според Народната банка, годинава значително ќе се намали.

Поради коронакризата и стравот од неизвеснота, граѓаните не ги трошат парите и ги купуваат само неопходните работи, а така се намалува побарувачката, но и производството.

Поврзани вести

Градежна комора: Цените на становите во Скопје ќе надминат 2.000 евра по квадрат

Влатко Зорба

ДЗ банка: Пазар за вакцини од 217 милијарди долари во 2022 година

Stefanija Kuzmanovska

Координативно тело: Quo vadis, Стопанска Банка АД Скопје ?

Влатко Зорба