Актерката Мишел Фајфер, која се повлече од Холивуд заради семејството, минатата година го оствари својот сон, лансирајќи парфем.
Меѓутоа, не било сè идеално. Кога сфатила колкава е листата на состојки на парфемите кои се наоѓаат на пазарот нејасни и полни со хемикалии, почнала да размислува за алтернативи.
“Испробав повеќе видови органски природни мириси и добро размислив. Сигурно има луѓе кои бараат ваков производ“, рече таа.
Освен што започна со производство на т.н. “чисти парфеми“, одлучи и да не го става своето име на амбалажата, со цел производот да се пробиe самостојно и со својот квалитет. Затоа на својот парфем му го дала името Henry Rose, и како што вели таа, многу добро помина.
Еве ги нејзините совети за претприемачи кои лансираат производ на пренатрупан пазар.
Очекувајте промени во кривата на учење
Кога Фајфер почна да го создава својот парфем, таа многу малку знаеше за индустријата за чисти производи и апсолутно ништо за формулацијата на мирисот или водењето бизнис.
“Секој ден, од самиот почеток, чувствував дека главата ќе ми експлодира. Работите едноставно не остануваат исти од ден на ден“, рече таа.
Дозволете производот и брендот да бидат самостојни
Како позната личност, Фајфер имаше можност да го стави своето име на производот и со тоа автоматски да ја зголеми популарноста на брендот, но тоа не го стори. Иако, наведува дека едукацијата на клиентите е многу важна и дека нејзиниот авторитет е начин да го подобри брендот, таа е горда на фактот дека производот може сам да застане зад своето име.
“Јас сум основач и портпарол и само така пристапив“, рече таа.
Не можете да ги задоволите сите
Промоцијата на производот оваа година е исто толку комплицирана и тешка како и самата 2020 година.
“Некои ќе го сакаат, некои ќе го мразат. Затоа едноставно треба да бидете верни на она што ви изгледа автентично и да се обидете да бидете толерантни“, вели Фајфер.