СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5G во 2021 година

Кина планира да ја прошири 5G мрежата со градење на повеќе од 600.000 базни станици на таа мрежа во 2021 година, и секој седми Кинез ќе ја користи во текот на следната година.

Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ќе ја подобри изградбата, покриеноста и имплементацијата на мрежата 5G низ Кина во текот на 2021 година, рече Ксијао Јачинг на прес-конференција, објави „Чајна дејли“.

Како што посочи, Министерството ќе работи на оптимизирање и надградба на мрежата, зголемување на бројот на корисници на повеќе од 200 милиони, што е секој седми жител на Кина, и борба против кршењето на правата и интересите на корисниците на апликациите.

Поврзани вести

Објавен е нов настан, очекуваме Apple Silicon Mac

msp-admin

Компании кои работат во Србија изнеле милијарда евра во оф-шор зоните

Влатко Зорба

ТикТок нема да биде забранет во САД, Трамп го одобри договорот

msp-admin