СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Македонија во вториот квартал само со 2.738 авиопатници

За да се спречи ширење на пандемијата Ковид-19, земјите ширум светот презедоа различни рестриктивни мерки. Пандемијата на коронавирусот речиси целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година. Додека бројките од првиот квартал 2020 година веќе го покажаа своето значително влијание врз воздушниот транспорт, влијанието во вториот квартал е уште посилно.

Според податоците на Eurostat, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98%, во споредба со истиот период минатата година.

Анализата на Eurostat опфати и две земји од Западниот Балкан – Северна Македонија, која држи неславен рекорд – со 2.738 патници во вториот квартал годинава за разлика од лани кога се превезени 602.715 патници и Србија, каде што бројот на патници се намали за околу милион и пол, што е за 94 % помалку отколку во истиот период минатата година.

На територијата на ЕУ најтешко поминаа Шпанија, Словачка и Словенија со пад на бројот на патници од 99%.

Шпанија е најпогодена земја со 61,6 милиони патници помалку во вториот квартал од оваа година отколку во истиот период лани.

Според бројките следат Германија со 59,1 милиони, Франција со 44,2 и Италија со 42,6 милиони помалку патници во авионите, пренесува МИА.

Поврзани вести

Русија ги тужи Google, Facebook и Twitter за објавување на протести

Влатко Зорба

Jaguar ќе произведува само електрични автомобили од 2025 година

Влатко Зорба

На платформата за онлајн настава на Меѓународниот Балкански Универзитет креирани 500 предмети од летниот семестар

msp-admin