СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Економист“: Руската рубља е најпотценетата валута во светот

Британскиот неделник „Економист“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот, во согласност со „Биг мек индексот“, кој се користи за мерење на паритетот на куповната моќ и пресметување на „реалните“ курсеви.

Авторите зедоа за пресметка еден стандарден производ што може да се купи во повеќето земји во светот, но за поинаква цена, во зависност од валутата. За да се пресмета паритетот на куповната моќ, се користи хипотезата според која истиот производ треба да чини еднакво во сите земји во светот. Поинаква ситуација укажува на тоа дека стапката на размена на локална валута е прениска или превисока.

Според неделникот, сендвичот „Биг мек“ на Мекдоналдс во јануари 2021 година во Америка чини просечно 5,66 долари, а во Русија 135 рубљи (1,81 долари). За да се „изедначи“ вредноста, треба да се добијат 23,85 рубли за долар, додека во реалноста вреди повеќе од трипати повеќе.

Според експертите, курсот на рубљата е намален за 68 проценти, а земајќи ја предвид промената на БДП на земјата по глава на жител, курсот е намален за 47,3 проценти, што ја прави руската валута најпотценетата валута во светот.

Други валути со најниски курсеви се хонгконгшкиот долар (46,8 проценти) и турската лира (39,7 проценти).

„Биг мек индексот“ е еден од начините за утврдување на куповната моќ и јачината на валутите ширум светот, и се заснова на собирање компаративни податоци за цените на овие сендвичи.

Поврзани вести

Кога Хрватска може најрано да го прифати еврото?

Влатко Зорба

Сите предности на полисата за животно осигурување

Влатко Зорба

„Блиц“: Алкалоид донира околу 85 илјади евра за пациентите на дијализа во Србија

msp-admin