СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Instagram и TikTok стануваат минато: Нова социјална мрежа расте побрзо од YouTube

Новата видео-платформа YurOn ги поврзува своите корисници на нов начин, користејќи т.н. поврзани виде разговори (англ threaded conversations). Овој разговор функционира така што корисниците кои поставуваат прашања и одговараат на нив преку кратки видеа.

За само неколку месеци од неговото лансирање, YurOn привлече над 5.000 корисници, кои денес поминуваат повеќе време на таа социјална мрежа отколку на Twitter.

Досега се создадени над 5.000 видеа со повеќе од 100.000 прегледи – повеќе отколку што имаше YouTube во истата фаза од растот, пишува „ЗдНет“.

Комуникацијата работи така што ќе го барате прашањето на кое сакате да одговорите на YurOn и објавувате видео. Секој во заедницата YurOn може да одговори со создавање на поврзан видео разговор (thread). Корисникот има 30 секунди видео за да го започне разговорот.

Може да пребарувате теми што ве интересираат или само да пребарувате низ прашања и одговори. Нема специјални филтри или алгоритми управувани од валидација, пренесува „PC Press“.

Платформата развива нови начини за креаторите на видеа да ги монетизираат своите „нишки“, како и можноста за поставување ексклузивна содржина што ќе се наплаќа.

Апликацијата YurOn е достапна за преземање од продавниците iOS и Android, а интересно е што YurOn им овозможува на корисниците да инвестираат во неа и да поседуваат дел од таа платформа за само 10 долари.

Поврзани вести

Google инвестира 25 милиони евра во борбата против лажните вести

Влатко Зорба

Епл потрошила речиси 200 милиони долари за стартапот „Икснор“

msp-admin

Закерберг најави дека очекува во следните десет години околу 50 отсто од вработените во компанијата да работат од дома

msp-admin