СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Русија го развива летечкиот автомобил „Циклокар“

Рускиот фонд за перспективни истражувања започна со развој на иновативниот летечки автомобил „Циклокар“ со циклични пропели, кој е предвиден за шест лица, пренесе „Спутник“.

-Летот на првиот прототип на „Циклокар“, целосно опремен со електричен мотор, е планиран за 2022 година – соопшти прес-службата на фондот.

Летечкиот автомобил ќе може да превезува 600 килограми товар или да превезува шест лица. Главниот извршител на проектот е Институтот за термофизика на сибирскиот огранок на Руската академија на науките.

„Циклокар“ е дел од проектот „Циклон“ и веќе е направен прелиминарен дизајн на летечката машина. Извршени се теренски тестови на цикличен ротор со дијаметар од еден и пол метар, а се одржа и пробен лет на прототип од 60 килограми.

„Циклокар“ ќе биде долг шест метри и 20 сантиметри и широк шест метри. Неговата максимална брзина ќе биде до 250 километри на час. Дометот на летот е до 500 километри, односно може да лета без прекини од Москва до Нижни Новгород или Воронеж.

„Покрај компактноста, во споредба со хеликоптерите, карактеристика на уредот е можноста да слета на косина до 30 степени и да се закотви со вертикални површини“, рекоа во фондот.

„Циклокар“ е летало што останува во воздухот благодарение на цикличните потиснувачи. Главните предности на ваквите пропели се брза контрола на векторот на потисна сила за 360 степени, ниско ниво на бучава и компактност.

Цикличниот пропелер е еден од најсложените за дизајнирање на аеродинамички уреди, а шефот на проектната група на Фондацијата за перспективни истражувања, Јан Чибисо, научниците и инженерите на институтот Новосибирск успешно го решија овој проблем.

Како што појаснија во прес-службата на фондот, со „Циклокар“ ќе се управува како со автомобил.

Поврзани вести

Фејсбук и Инстаграм се повлекуваат од Европа?

msp-admin

Microsoft го менува фокусот на платформата Windows 10X на уреди со еден екран

msp-admin

Часови пред премиерата, се појавија нови слики од Razr

msp-admin