СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот ребаланс со амадмани во Собранието, дебата неделава, а наредната реализација на мерките

Ребалансот на Буџетот со вградени амандмани и од комисисиката расправа во Собранието се очекува до наредната недела да биде усвоен и да почне имплементацијата на мерките од четвриот сет. Дополнетиот текст вчера на седница го усвои Владата и го испрати до Собранието, каде се очекува дебата на пленарна седница.

-Дебата во собраниската Комисијата беше конструктивна. Беа прифатени девет амандмани кои беа во насока на ковид мерките. Прифатен е и амандман од опозицијата кој се однесува на 1000 деца без родители да добијат ваучери од 6.000 денари. Ребалансот има зголемување во однос на претходниот и на буџетот. Денес е пратен во Собрание и во текот на оваа недела ќе почне дебатата и наредната недела да почнеме да ги имплементираме мерките, рече министерот за финансии Фатмир Бесими вчера во дебата на ТВ 24.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходните измени и дополнувања на Буџетот истите беа планирани на реално ниво односно пониски за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

Вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари или се 4,1 отсто, односно за околу 10 милијарди денари повисоки во однос на планот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,5 милијарди денари, односно 8,49 отсто од БДП.

-Имајќи ги предвид настанатите околности извршени се промени во однос на иницијалните проекции на расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија, пред сè за спроведување на активностите предвидени со четвртиот сет на мерки. Во овие рамки обезбедени се дополнителни средства во здравствениот сектор за активности кои директно придонесуваат во борбата против здравствената криза, а се однесуваат за набавка на лекови, имунизација на население и други неопходни средства и поддршка на вработените кои се директно вклучени во борбата против пандемијата, се наведува во соопштението.

Тековните трансфери се планирани на ниво од 177,3 милијарди денари или за околу 11,2 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година, а се однесуваат пред сѐ на преземените мерки за обезбедување средства за имплементација на четвртиот пакет економски мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а кои ќе имаат директен импакт врз реалната економија и директно помагање на приватната потрошувачка.

Поврзани вести

Ангеловска: Одобрени се 2 милиони евра за 117 фирми во кои работат 3 001 вработен

Казахстан заинтересиран да ја унапреди економската соработка со С. Македонија

За 29,5 % повисока наплата кај данокот на додадена вредност во однос на март 2020 година

Влатко Зорба