СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Почнува исплатата на октомвриските пензии

Oд денеска почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа во вторник исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите, според МТСП, ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
-Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје, порачуваат од МТСП.

Од Министерството потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема што ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Поврзани вести

Бектеши и Мартенс најавија нови германски инвестиции и проширување на постојните

Берта Китинска

Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 120 милиони денари

Трошоците на живот зголемени во декември

Влатко Зорба