СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Америка сепак дозволи бизнис со Huawei – но не за 5G опрема

Голем број американски компании во ИТ и телекомуникацискиот сектор, кои сакаат да соработуваат со Huawei и да ги продаваат своите компоненти на таа кинеска компанија и покрај санкциите, тоа го можат од неодамна, но под услов тие да не се користат за 5G технологија, пишува „Фајненшл тајмс“.

Весникот открива дека во изминатите неколку дена, голем број американски и светски компании од САД добиле одобрување да продолжат да прават деловни активности со Huawei, така што на компаниите што работат со американска технологија им е дозволено, меѓу другото, да продаваат чипови на кинескиот концерн.

Предуслов за бизнис со Huawei е компонентите што се предмет на трговија да не се користат во производството на 5G опрема, односно да не поддржуваат 5G технологија.

На пример, укинати се санкциите во САД за OLED екраните испорачани од Samsung до Huawei, или за CMOS сензорите произведени за кинеската компанија од јапонската Sony или кинеската OmniVision, со седиште во Калифорнија.

Најголемите американски производители на силиконски чипови, Qualcomm и MediaTek, исто така, би можеле да добијат дозвола за продолжување на соработката со Huawei до крајот на годината.

Аналитичарите сметаат дека ова е чекор во позитивна насока и дека САД сепак сакаат да го задржат Huawei како трговски партнер, испраќајќи порака дека заканата по националната безбедност, која претходно ја посочија како причина за санкции, очигледно не е толку изразена.

Откако Huawei стигна до „црната листа“ на компании со кои САД строго ги контролираат сите трансакции, околу 300 компании побараа дозвола за соработка, а приближно секое трето такво барање е одобрено досега.

Поврзани вести

Бензините поевтинуваат, дизелот по стара цена

msp-admin

ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

msp-admin

Еуросупер БС-95 поскапува за денар

msp-admin