СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гугл најави намалување на брзината на Јутјуб поради коронавирусот

Гугл, по Нетфликс, најави намалување на брзината на Јутјуб за да се избегне блокада на Интернет во Европа поради зголемената употреба за време на пандемијата на коронавирус.

„По разговорот помеѓу извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи, директорот на Јутјуб, Сузан Војчицки и комесарот Тиери Бретон, ние сме обврзавме на привремено префрлање на целиот сообраќај кон стандардни параметри“, рече портпаролот на Гугл.

Тој објасни дека луѓето одат на Гугл за вестите поставени од надлежните, за едукативни содржини и за воспоставување на врски, во време на пандемијата на коронавирус.

„Ние спроведовме мерки за автоматско прилагодување на нашиот систем за да користиме помалку мрежен капацитет“, објасни портпаролот.

„Ние ќе продолжиме да работиме со владите и мрежните оператори за да ги минимизираме ограничувањата наметнати на системот, обезбедувајќи добро корисничко искуство“, додаде тој.

Нетфликс во четвртокот донесе одлука да го намали оптоварувањето на Интернет во Европа во текот на следните 30 дена.

Европскиот комесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон, во средата ги повика платформите и операторите да преземат акција за да го намалат притисокот врз Интернет, за да помогнат за работење од дома за време на изолацијата воведена во европските земји, како резултат на ширењето на коронавирусот.

Европската комисија побара од Нетфликс и другите да го суспендираат ХД квалитетот и само да дозволат содржината да се прикаже со СД квалитет до понатамошно известување.

Поврзани вести

„Твитер“ размислува за воведување претплата

msp-admin

Лери Пејџ и Сергеј Брин побогати за 14 милијарди долари за еден ден

Влатко Зорба

Доларот изгуби скоро 7% минатата година, еврото зајакна за повеќе од 9 отсто

Влатко Зорба