СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple ќе плати половина милијарда долари поради кршење на патентни права

Долготрајната правна битка помеѓу Apple и VirnetX изгледа дека наскоро ќе заврши. Имено, судот во Тексас пресуди дека Apple мора да плати на VirnetX 502,8 милиони долари во име на правото да ја користи функцијата VPN on Demand во оперативниот систем iOS. Тоа е опција што им овозможува на корисниците да ги конфигурираат своите уреди автоматски да стартуваат или прекинат VPN конекција.

VirnetX го тужеше Apple цела деценија за неовластено користење на нивната интелектуална сопственост. Се тврди дека FaceTime, iMessage и VPN on Demand ги кршат нивните права за патент во врска со безбедна и сигурна комуникација. Компанијата побара обештетување од 700 милиони долари. Од друга страна, Apple призна дека ја користела таа технологија, но сметала дека компензацијата треба да биде значително помала – 119 милиони долари. Сепак, нивното барање не помина. На технолошкиот гигант му беше наредено да му плати на VirnetX 450 милиони долари пред неколку месеци, но тоа се однесуваше на постарите верзии на опции, а сега таа одлука е сменета на 502,8 милиони долари.

Судот во Тексас е познат по строгите казни за компаниите што ги кршат правата на интелектуална сопственост, и веќе неколку пати донесуваше пресуди во корист на VirnetX, а последната „жртва“ е Apple.

Поврзани вести

Пад на европските берзи откако достигнаа рекордни нивоа

Влатко Зорба

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

msp-admin

Virgin Atlantic на Брансон поднесе барање за банкрот во САД

msp-admin