СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Македонија чува злато вредно 355 милиони евра

Монетарното злато, во рамки на вкупните девизни резерви на земјава, во октомври имаше вредност од 355,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Еден месец претходно, монетарното злато достигна ниво од 356,5 милиони евра. На крајот на октомври минатата година, земјава чуваше монетарно злато во вредност од 300,8 милиони евра.

Вкупните девизни резерви на Македонија, заклучно октомври оваа година, изнесуваа 3.540.900.000 евра, што е за 60,7 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец (3.480.210.000 евра), додека на крајот на октомври лани беа на ниво од 3.267.130.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (76,6%) по што следуваат валутите и депозитите (13,3%) и монетарното злато (10%).

Хартиите од вредност на крајот на октомври имаа салдо од 2.712.510.000 евра, а еден месец претходно 2.654.170.000 евра. На крајот на октомври лани, хартиите од вредност се позиционираа на 2.418.270.000 евра.

Поврзани вести

Инспекторите со поголеми надлежности за справување со непочитувачите на протоколите

Берта Китинска

Градежна комора: Недозволиво е поради еден изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во Општина Центар

Влатко Зорба

Бошков: Паѓа увозот на половни автомобили

Берта Китинска