Стандард
ЕКОНОМИЈА

Македонија чува злато вредно 355 милиони евра

Монетарното злато, во рамки на вкупните девизни резерви на земјава, во октомври имаше вредност од 355,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народна банка.

Еден месец претходно, монетарното злато достигна ниво од 356,5 милиони евра. На крајот на октомври минатата година, земјава чуваше монетарно злато во вредност од 300,8 милиони евра.

Вкупните девизни резерви на Македонија, заклучно октомври оваа година, изнесуваа 3.540.900.000 евра, што е за 60,7 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец (3.480.210.000 евра), додека на крајот на октомври лани беа на ниво од 3.267.130.000 евра.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (76,6%) по што следуваат валутите и депозитите (13,3%) и монетарното злато (10%).

Хартиите од вредност на крајот на октомври имаа салдо од 2.712.510.000 евра, а еден месец претходно 2.654.170.000 евра. На крајот на октомври лани, хартиите од вредност се позиционираа на 2.418.270.000 евра.

Поврзани вести

1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки

Берта Китинска

Северна Македонија може да очекува просечна годишна стапка на раст од 2,26 отсто до 2028 година

Економски советници ќе привлекуваат странски инвестиции во земјава

Берта Китинска
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!