СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Економиите од кои најмногу се очекуваше, лошо одговорија на кризата – Оваа листа ќе ве изненади

Како што ковид-19 се ширеше низ целиот свет, беа оспорени предрасудите за тоа кои места може најдобро/најлошо да пристапат до најлошата криза со јавното здравство во модерното време.

Беше сигурно дека напредните светски економии како САД и Велика Британија ќе се истакнат меѓу најдобрите, кои според некои параметри беа „најподготвени за пандемијата“, но тоа не се покажа како точно. Овие земји се поплавени со нови случаи на инфекција со месеци и се враќаат на строгите блокади.

Во меѓувреме, другите земји – дури и земјите во развој – се спротивставија на очекувањата и успеаја поефикасно да спречат огромно ширење на ковид-19 во рамките на нивните граници, и со тоа да ја зачуваат економијата. Блумберг направи список на земји каде што вирусот најмалку им наштетил општеството и бизнисот.

Беше земено во предвид следново: колку вирусот се шири во рамките на една земја и колкава е стапката на смртност од неа, потоа капацитетите за тестирање на ковид-19 и договорите што земјите ги потпишаа со компаниите што ја прават вакцината.

Анализата вклучува 53 места во светот, а Блумберг исто така се обиде да предвиди како одредени економии понатаму ќе се развиваат – во однос на тоа кога ќе добијат пристап до вакцината. Во оваа прилика е пренесен резултатот од 20 светски земји.

На врвот на листата е далечниот Нов Зеланд, кој прогласи национален карантин на 26 март, пред какви било евидентирани случаи на инфекција. Исто така, оваа земја подоцна, кога короната „влезе“ во земјата, успешно се избори за контрола на вирусот.

Премиерката на таа земја, Џасина Ардерн, веднаш ги предупреди властите да ги следат контактите и да ги тестираат луѓето, што помогна во голема мера да се спречи растечкото ширење на коронавирусот.

Иако туризмот страдаше многу поради затворените граници, забележан е пораст на домашниот туризам, кој ја опорави економијата. Нов Зеланд има договор со компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, кога станува збор за набавка на вакцини.

Оваа земја доби 85,4 поени од Блумберг кога станува збор за „степенот на отпорност“ на вирусот.

На второ место е Јапонија, со 85 поени, и најголеми шанси за брз и ефикасен пристап до вакцината против ковид-19. Следат Тајван и Јужна Кореја, со 82,9, односно 82,3 бода, но Тајван нема посебна шанса да биде меѓу првите што пристапуваат на вакцината. На петтото место е Финска, која има 82 бода, и има солидни шанси за пристап до вакцината.

Норвешка, Австралија и Кина имаат над 80 поени, а следуваат Данска, Виетнам и Сингапур. Хонг Конг е на 12-то место на листата, Канада е на 13-то место со одлични шанси за ран пристап до вакцината, по што следат Германија, Тајланд, Шведска, ОАЕ, САД, Индонезија и Ирска.

Пред Велика Британија, која е на 28. место, и Италија и Шпанија, кои ја зазедоа 40-та и 41-та позиција, се Израел, Русија, Холандија, Бангладеш, Египет, Швајцарија, Пакистан.

Поврзани вести

Како Кина може да го порази САД во трговската војна?

Тајната на успехот: Зошто имаше огромен скок во вредноста на Bitcoin?

Влатко Зорба

Brainster: До 2025 се очекува дефицит од 5.142 ИТ кадри во Македонија

Влатко Зорба