СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Лазаров: Многу доцна ги учиме лекциите дека без економија, инвестиции и бизнис државата нема иднина

Доцна ги учиме лекциите дека без економија, инвестиции и бизнис, државата нема иднина, вели претседателот на македонско-бугарската стопанска комора, Кирил Лазаров во интервју за „Локално“.

Предупредува дека доколку брзо не се решат недоразбирањата меѓу С.Македонија и Бугарија ќе страда економијата и ќе се загрозат инвестициите вредни повеќе милиони евра.

Во контекст на актуелните случувања на политички план помеѓу двете земји смета дека премногу сме останати во минатото, во историските наративи.

„Ние како комора инсистираме што побрзо да се решат отворените политички и историски дилеми и кон соседите и внатре во државата. Се друго нема алтернатива, се друго е ризик дека еден ден ќе се разбудиме без нација и народ кој решил да мигрира кон идина и прогрес‘’, вели Лазаров.

Забележува дека кај нас многу лесно се манипулира со емоции, историја и романтизам, па оттука и дилемата кој сериозен бизнисмен би инвестирал таму каде што има неизвесност, политички конфронтации или меѓудржавни недоразбирања.

ИНТЕРВЈУ со Лазаров: Еден ден може да се разбудиме без нација и народ, кој решил да мигрира кон идина и прогрес

Поврзани вести

Битола Старт-Ап Центар локално ќе креира и спроведува мерки за вработување

msp-admin

Потегот на Кина кој предупредува на потенцијален проблем – ХРАНА?

Влатко Зорба

Збогум картички? Технологија за препознавање лице доаѓа на банкоматите

Влатко Зорба