СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Црногорски пасош ќе добиваат само висококвалификувани кадри

Мандаторот за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ јасно наведува дека програмата за економско државјанство, којашто стапи на сила на почетокот на минатата година, нема да остане на сила. Напротив, најавено е нејзино укинување, оценуваат црногорските медиуми.

Тој навел дека внимателно ќе ја креира листата на дефицитарни занимања и ќе поттикне преквалификации и образување на кадри согласно реалните потреби.

“Сакаме и постоечката програма за економско државјанство да ја промениме во програма за државјанство за висококвалификуван кадар“, вели Кривокапиќ.

Поради оваа одлука, како што пишува црногорски Инвеститори, земјата би можела да остане без скоро 400 милиони евра. Толку пари би требало да бидат вложени во 14 проекти низ Црна Гора, коишто биле кандидати за добивање економско државјанство.

Европската комисија најави покренување на постапка против Малта и Кипар поради шемата на “златни пасоши“. Поради тоа, Кипар го запре проектот на економско државјанство, Малта одговори дека нејзината програма наскоро ќе биде укината и заменета со нов пропис.

Поврзани вести

На Безос му порачале да го продаде бизнисот: Нема да успееш!

msp-admin

Forbes откри 50 нови милијардери во областа на здравството

msp-admin

Како помина првиот квартал за компаниите што котираат на берза

msp-admin