СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се кренаа работниците на„Еурокомпозит“ на нозе: Тужби и протести поради одлуката на Собранието

Во центарот на Прилеп, денес работниците од „Еурокомпозит“ го искажаа своето разочарување што во Собранието не помина амандманот за да се одвојат средства за исплата на заостанатите придонеси од буџетот за 2021 година.

Како што вели, Роберт Богданоски, претседател на синдикатот при „Еурокомпозит“ разочарувањето е големо и нерешавањето на нивната ситуација ги тера да протестираат.

„Крајно сме разочарани што не е прифатен од пратениците амандманот. Ние баравме, тоа е наше барање, а не од ВМРО-ДПМНЕ: те во наше име го поднесоа. Иако очекувавме од пратениците да нè поддржат, тоа не се случи и нема пак да се реши нашата тешка состојба. Ова нè принудува да преземеме поригорозни чекори и да протестираме пред владата“, истакна Богданоски.

Од „Еурокомпозит“, сегашни вработени и прогласените технолошки вишок, најавуваат дека ќе ја тужат владата за неспроведување законско решение.

„Бараме соодветен адвокат и се подготвуваме да ја тужиме владата. Не ни преостанува ништо друго“, потенцира Богданоски.

Инаку, на речиси 320 работници од прилепски „Еурокомпозит“ не им се платени заостанати придонеси за 6,5 години во висина од околу два милиона и 800 00 евра. Работниците имаат неисплатени и заостанати плати и отпремнини за технолошки вишок.

Поврзани вести

Граѓаните ги чекаат списоците: Финансиска помош за три категории граѓани

Берта Китинска

ТКП: Оперативна добивка намалена за 21% во споредба со 2019 година

Влатко Зорба

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска