СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гејтс препорачува пет книги кои му помогнале во оваа напорна година

Бил Гејтс, основачот на Microsoft, инаку познат како страствен обожавател на пишаниот збор, препорачува неколку книги кои му помогнале да ја мине оваа напната и стресна година.

“Во тешки времиња, и нема сомнение дека 2020 година е токму тоа, ние кои сакаме да читаме се свртуваме кон разни книги, од тешки четива до лесни зборови. Се надевам дека ќе најдете нешто интересно на оваа листа, така што барем љубителот на книгата ќе ја заврши оваа година како што треба“, напиша Гејтс.

The New Jim Crow: Mass Incarceration in the Age of Colorblindness, Мишел Александер

Како и многу луѓе, и јас се обидов да го продлабочам разбирањето за расизмот во последните месеци. Оваа книга нуди нова перспектива за тоа колку е неправеден системот и колку ги таргетира “обоените заедници“, особено “црнците“. Книгата става посебен акцент на историјата и бројките што најдобро го покажуваат размерот на масовно затворање на луѓе. Книгата ја завршив убедувајќи, повеќе од кога било, дека ни треба многу поправеден пристап кон казната и многу повеќе инвестиции во луѓето кои не се бели.

Range: Why Generalists Triumph in a Specialized World, Дејвид Епштајн

Во оваа неверојатна книга, писателот вели дека, и покрај фактот дека светот бара се повеќе и повеќе специјализација, потребно е луѓето повторно да добијат ширина. Тој ја објаснува својата теорија со примери кои се движат од Роџер Федерер до Чарлс Дарвин. Во секој случај, ова е вистинската книга за секој што некогаш се чувствувал како генералист во светот на специјализанти.

The Splendid and the Vile: A Saga of Churchill, Family and Defiance During the Blitz, Ерик Ларсон

Понекогаш се чини дека историските книги можат да бидат многу позначајни отколку што некогаш можеле да замислат нивните автори. Ова е случај и со оваа неверојатна книга околу 1940 и 1941 година, кога Британците ја поминуваа скоро секоја ноќ во засолништа, додека Германците им фрлаа бомби. Стравот и вознемиреноста што ги чувствуваа може да се споредат, барем делумно, со чувствата на луѓето за време на пандемијата.

The Spy and the Traitor: The Greatest Espionage Story of the Cold War, Бен Макинтаер

Оваа книга е заснована на вистинска приказна и го следи животот на Олег Гордиевски, офицер на КГБ, кој бил двоен агент за Британците, сè додека не го предаде Американец кој ја смени страната. Ова е возбудлива книга.

Breath from Salt: A Deadly Genetic Disease, a New Era in Science, and the Patients and Families Who Changed Medicine, Бијал Триведи

Две децении ја следам борбата против цистична фиброза. Но, од оваа книга научив многу, научив многу за луѓето кои се разболеа, како и за луѓето кои се обидуваат да произведат лек. Ова е страсна книга што покажува што е можно кога вистинските водачи успеваат да поврзат различни луѓе и да работат за истата цел.

Поврзани вести

Фолксваген размислува за развој на летачки превозни средства

Влатко Зорба

За прв пат во историјата: Жена на чело на СТО

Влатко Зорба

За него нема пензија: Неуморниот Бафет верува во овие 3 начини за напредување во кариерата

Влатко Зорба