СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Повторно проблеми со услугите на Google

Откако услугите на Google пред неколку дена не беа достапни околу половина час, само Американците сега имаат проблем со Gmail.

Корисниците можат да пристапат до нивните поштенски сандачиња, но добиваат разни „пораки за грешки, нивната е-пошта се вчитува подолго време и се соочуваат со други проблеми поврзани со Gmail“, објави Google на својата официјална веб-страница.

Downdetector покажува проблеми со Gmail, но најмногу во Америка и на помали места во Европа.

Во текот на попладневните часови „Stadiа“, платформата на Google, исто така имаше проблеми, но останува нејасно дали овие пречки се поврзани со тоа. Корисниците на „Stadiа“ не можеа да пристапат до некои игри.

Google објави дека проблемот со „Stadiа“ е решен и дека „корисниците можат да се вратат на играње игри“.

Поврзани вести

Успехот на iPhone 12 може да зависи од развојот на 5G мрежите

msp-admin

Малициозен софтвер во 116 апликации за Android става во опасност повеќе од 2,5 милиони корисници

msp-admin

Huawei развива смартфон сличен на Motorola Razr 2019

msp-admin