СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Велика Британија го укина данокот на средства за женска хигиена

Велика Британија денес го укина таканаречениот „данок на тампони“, со кој се укина данокот за производи за женска хигиена.

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, изјави дека данокот за тампоните и хигиенските влошки ќе биде целосно укинат до март.

„Санитарните производи се неопходни. Веќе воведовме бесплатни санитарни производи во училиштата, колеџите и болниците и со ова сме уште еден чекор поблиску до нив да бидат достапни за сите жени“, рече Сунак.

Според законите на ЕУ, земјите не можат да ја намалат стапката на данок на додадена вредност на хигиенските производи под пет проценти, бидејќи тие се сметаат за луксузни производи отколку, a ne основни средства.

Сепак, тоа ќе се промени затоа што Велика Британија официјално ја напушти ЕУ.

Укинувањето на данокот за санитарни производи беше оценето како прв позитивен чекор на „Брегзит“.

Пред Велика Британија, овој вид данок беше укинат од Австралија, Канада и Индија.

Поврзани вести

Црна Гора: Првата крава платена во криптовалута

Влатко Зорба

Виртуелен навигатор за пациенти со карцином на дојка за 24 часовна помош и советување

Руска компанија продава дијамант со големина на пинг-понг топче

Влатко Зорба