Во 2019 година, Република Северна Македонија има остварено најголем извоз − од земјите членки на ЕУ − во Германија (60,3 %), од земјите членки на ЕФТА − во Швајцарија (92,2%), од земјите на Западен Балкан − во Косово (40,5% ) и од останатите земји се издвојуваат Турција (16,8%) и Кина (32,2%).
Во 2019 година, Република Северна Македонија има остварено најголем увоз − од земјите членки на ЕУ − од Велика Британија (18,4%), од земјите членки на ЕФТА − од Швајцарија (89,4%), од земјите на Западен Балкан − од Србија (78,2%) и од останатите земји се издвојуваат Кина (20,9%) и Турција (17,3%).
Трендот на зголемување на покриеноста на увозот со извоз започнат во 2010 се задржува и во 2019 година. Во 2019 година, во обемот на размената извозот учествува со 43,2%, што е зголемување за 5,2% во споредба со 2010 година. Учеството на увозот во обемот на размената континуирано се намалува и во 2019 година изнесува 56,8%. Споредено со 2010 година, учеството на увозот во обемот на размената во 2019 е намалено за 5,2%.