СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Работниците во четврток излегуваат на улица

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како и граѓанскиот синдикат и член на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, на 15 април годинава ќе земе активно учество на социјалниот протест во организација на КСС.

Синдикатите бараат да се почитуваат законите од областа на трудовото право, надлежните институции да постапуваат при прекршување на законите и да се запре притисокот врз синидикалното организирање и синдикалните лидери.

СОНК, информираат оттаму, ги поддржува барањата на најголемиот синдикат во јавниот сектор и смета дека поради немање слух на надлежните, односно на социјалните партнери на сите нивоа, заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да ги бара преку искажување на јавно незадоволство, односно преку предупредувачки протест.

Од КСС очекуваат работниците активно да се вклучат во протестестот за да се чуе нивниот глас и гласот на синдикатите и да се принудат надлежните претставници од Министерствата и другите државни институции да започнат социјален дијалог со нас со цел подобрување положбата на сите работници.

Поврзани вести

Градежниот сектор е погоден од кризата, локалната власт има механизми да помогне

Берта Китинска

Меркел: Германија е решена да го заврши „Северен тек 2“ и покрај американскиот притисок

Stefanija Kuzmanovska

Во првото тримесечје преку МојДДВ скенирани 22.670.713 фискални сметки

Влатко Зорба