СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Виз Ер ќе ја продолжи суспензијата на сите летови од и до Скопје до 16 април

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска преку соопштение го коригираше датумот до кога ќе трае суспензијата на летови од и до аеродоромот во Скопје и информира дека суспензијата ќе трае до 16 април, а не до 30 април како што соопшти вчера.Суспензијата е поради пролонгираните забрани за патување на сите летови од и до Република Северна Македонија.

Виз Ер во соопштението информира дека патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети

Поврзани вести

Бензините поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол

Александар Петровски

На седница на Владата се одлучува за четвртиот пакет економски мерки

Александар Петровски

Сугарески: Засилена динамика на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

msp-admin