СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

С. Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

На вчерашната седница, Владата ја разгледа и усвои потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу „НЕР АД” Скопје и „Копелозу Груп” и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ” и „Гастрејд С.А.” за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ” и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.” за стекнување на 25% удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А.

За сите следни активности за реализацијата на овие проекти задолжени се „НЕР АД” Скопје и „АД ЕСМ” редовно да ја информираат Владата на Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Заев: Наплатата на ДДВ е повисока за 54% во однос на април 2020 година

Влатко Зорба

Промет од 23 милијарди долари за девет часа на „Денот на самецот“

Градежна комора: Недозволиво е поради еден изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во Општина Центар

Влатко Зорба