СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Здравството и економска стабилност приоритет на предлог Буџетот за идната година

Предлог Буџетот за 2021 година, обезбедува одржливост, рационализирање на трошењата со оптимизација на расходите на јавната администрација и дигитализација на јавните услуги како и прецизни проекции со цел ефикасно справување со епидемијата, вели премиерот Зоран Заев.

Главните приоритети на буџетската политика во 2021 година се:

1. Поддршка на здравствениот сектор како прв приоритет, што значи заштита на здравјето и животите на граѓаните, којшто е пресликан во Предлог-буџетот за 2021 година.

2. Втора цел е економско заздравување и економски раст преку мерки за социјално ранливи категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места.

3. Третиот приоритет на буџетската политика во 2021 година е непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатланските интеграции.

Според него  Буџетот за 2021 година е составен дел на среднорочната буџетска рамка и процесот на среднорочно планирање 2021-2025, поддршка на економската стратегија на Владата на Република Северна Македонија, како и интегрален дел на Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст која се состои од 4 столба: Економско заздравување од Ковид-19, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст,зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, и развој на човечките ресурси и еднакви можности, преку кои ќе се обезбеди макроекономска стабилност и финансиска одржливост, заздравување на економијата и забрзување на економскиот раст.

„Одговорот на фискалната политика на пандемијата во земјата беше брз и значаен во поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население.Државната помош преку различни мерки кои ќе ги поддржат домашната побарувачка и извозната активност ќе продолжи во 2021 година со цел побрзо опоравување на домашната економија и создавање основа за забрзан економски раст на долг рок.Кризата предизвикана од пандемијата со слични негативни последици ја погоди и европската економија, така што економската активност во ЕУ се очекува да забележи пад од 7,6% во 2020 година, вели Заев.

Поврзани вести

НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 1,25 отсто

Влатко Зорба

Морачанин: Законот за легализирање дивогради е дискриминирачки во однос на граѓаните кои ги почитуваат правните процедури

Влатко Зорба

Земјоделските работници најпогодени според изгубените работни места

Влатко Зорба