Стандард
КОМПАНИИ

Грците повикуваат: Дојдете, преселете го бизнисот кај нас

Грција нуди олеснувања за сите оние кои сакаат да се преселат поради короната – половина од приходите ќе бидат неоданочени.

Земјата сака да постигне солидни резултати во борбата против короната со цел да донесе инвеститори. Затоа нуди нешто и за странците. Понудата е отворена за сите работници кои сакаат да ја преместат својата даночна основа во Грција, без оглед на националноста или видот на работата, во текот на 2021 година.

„Грција сега може да понуди даночни олеснувања, како и сонце“, беше наведено.

„Тоа практично значи дека можеме да избереме каде ќе живееме и работиме“, рече Алекс Птелис, главниот економски советник на премиерот Мицотакси.

Грција веќе доби меѓународни пофалби за начинот на кој се избори со пандемијата пролетта.

Десноцентристичката влада на Мицотакис се обидува да привлече инвестиции во земјата по повеќе од четири години не толку големи резултати.

Доведувањето странци во земјата се смета за клуч за пресврт на земјата по една деценија должничка криза што чинеше околу 25% од економското производство.

Грција се соочува со понатамошен пад на бруто домашниот производ од 9% во 2020 година поради пандемијата, според Европската комисија. Невработеноста се очекува да достигне околу 18%.

Поврзани вести

Huawei преговара за пристап до App Bazaar со 400.000 апликации

msp-admin

Маск го покани Путин на разговор: „Би ми било чест“

Влатко Зорба

Големото британско патување за алкохол во Франција е при крај

Влатко Зорба